Posts

Showing posts from April, 2018

Традиционални јадења во Прилеп

Image
Традиционални јадења во Прилеп Тавче гравче    Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии. Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.   Посна сарма Време е на големите православни зимски слави кои без исклучок се посни. Тие не можат, не смеат, да минат без сарма од зелка, иако поинвентивните домаќинки знаат да изненадат и со посни сарми од штавел, лозов лист, блитва. Секако тука се и оние кои се вистински сладокусци и на кои не им треба слава или именден да си направат посна сарма. Еве го најтрадиционалниот рецепт. Потребни состојки: -1,5 килограм стасана зелка -250 гр. ориз -кромид -праз -сол -црвен пипер -масло -ловоров лист -По желба: нане, буковец, вегета, суви пиперки, ореви, печурки. Ширден Ширден — македонско традиционално јадењ...

Споменици во Прилеп

Image
Споменици во Прилеп Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ. Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.     Споменикот на Итар Пејо претставува спомен-чешма поставена во чест на еден од најпознати прилепчани, Итар Пејо. Споменикот е дело на вајарот Жарко Башески.Сместен е во старата чаршија, во близина на Градскиот саат кај старата фонтана. Споменикот е пост...

Цркви во Прилеп

Image
Цркви во Прилеп Црква „Св. Благовештение“ - Прилеп Црквата „Св. Благовештение“ попозната и како Стара Црква се наоѓа во Прилеп. Црквата е изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцо и Ристе Тасламиче во 1838 година.Црквата е со димензии 32 м должина, 26 м ширина и 9 м висина. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на македонскиот револуционер Пере Тошев.    „Св. Преображение“ — црква кој се наоѓа во центарот градот Прилеп веднаш на кејот на градската река.Црквата е позната и како Грчка црква бидејќи гркофонското и влашкото население од Прилеп успеало да издејствува ферман за изградба од Цариградската порта. Црквата е изградена во 1871 година. Црквата претставува трикорабна базилиика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време. На надворешната источна страна има деветаголна апсида.