Традиционални јадења во Прилеп

Традиционални јадења во Прилеп

Тавче гравче 
 Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии.

Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав.



 Посна сарма

Време е на големите православни зимски слави кои без исклучок се посни. Тие не можат, не смеат, да минат без сарма од зелка, иако поинвентивните домаќинки знаат да изненадат и со посни сарми од штавел, лозов лист, блитва. Секако тука се и оние кои се вистински сладокусци и на кои не им треба слава или именден да си направат посна сарма. Еве го најтрадиционалниот рецепт.

Потребни состојки:

-1,5 килограм стасана зелка
-250 гр. ориз
-кромид
-праз
-сол
-црвен пипер
-масло
-ловоров лист
-По желба: нане, буковец, вегета, суви пиперки, ореви, печурки.




Ширден

Ширден — македонско традиционално јадење, симбол на кулинарството во Прилеп. Во некои краеви на Македонија ова јадење се нарекува и сириштето на јагнето. Зборот ширден потекнува од истоимениот турски збор şirden, што го означува четвртиот дел од желудникот на преживарите. За прилепскиот ширден најчесто се користи внатрешниот орган на младо јагне кој претставува продолжение на желудникот. Традиционално се користат 3 вида месо (јагнешко, телешко и свинско), ориз и разни зачини. Покрената е иницијатива за брендирање на овој кулинарски специјалитет во Прилеп.













Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Споменици во Прилеп

Цркви во Прилеп