Споменици во Прилеп

Споменици во Прилеп

Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.

Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.




 Споменикот на Итар Пејо претставува спомен-чешма поставена во чест на еден од најпознати прилепчани, Итар Пејо. Споменикот е дело на вајарот Жарко Башески.Сместен е во старата чаршија, во близина на Градскиот саат кај старата фонтана. Споменикот е поставен во 2008 година. Пред споменикот на истоимениот плоштад се одржуваат т.н. „вечери на мајтапот“.

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Традиционални јадења во Прилеп

Цркви во Прилеп